Официјалните девизни резерви се во износ од над 4,8 милијарди евра (4.843,2 милиона евра). Ова ниво е забележано на крајот на октомври. Споредено со претходниот месец, разликата е позитивни 120,5 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви, конкретно 71,1 отсто, информираат од Народната банка, се пласирани во хартии од вредност. Во монетарно злато се 15,9, а во валути и депозити 13 отсто.

Во однос на октомври 2024 година, кога изнесувале 4.975,6 милиони евра, девизните резерви се пониски за 132,4 милиони евра.
Девизните резерви се во ингеренции на монетарната власт, која ги контролира, управува и располага со нив. Нивната примарна функција е да ја заштитат економијата од надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и за интервенции на девизниот пазар. Нивото на девизните резерви е тесно поврзано со позицијата на државата на меѓународниот пазар, како и со нејзиниот капацитет да одговори на надворешните шокови.
Аналитика








