ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви во мај 4,69 милијарди евра, на крајот од 2024 беа над пет милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Официјалните девизни резерви се во износ од 4.691,1 милион евра. Ова е состојбата забележана на крајот од мај. За еден месец се намалени за нешто повеќе од 80 милиони евра. А, во споредба со последниот месец од претходната година, нивото е пониско за речиси 328 милиони евра.

    Според информацијата од Народната банка, најголем дел од девизните резерви се насочени кон хартиите од вредност – 75,8 проценти. Во монетарно злато се вложени 13,7 проценти, а најмалиот дел од 10,4 проценти се чува во депозити. Споредено со април, извесно поместување има кај резервите во хартии од вредност (+0,5%) и кај момеарното злато (+0,3), а за сметка на депозитите.

    Всушност, сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедува преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг, кои овозможуваат брза достапност до ликвидни средства.

    Минатата година девизните резерви ја заокружија на прагот од 5,019 милијарди евра. Годинава, раст беше регистриран во јануари, кога изнесуваа 5,041 милијарда евра. Потоа уследи фазата на пад: во февруари од Народната банка известија за залихи од 4,861 милијарди евра, во март за 4,78 милијарди евра, а на крајот од април за 4,77 милијарди евра.

    Девизните резерви ги контролира, со нив управува и располага монетарната власт. Основната функција на девизните резерви е да ја заштитат економијата од надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и за интервенции на девизниот пазар.

    Нивото на овие резерви е показател за позицијата на земјата на меѓународниот пазар и нејзиниот капацитет за справување со надворешните шокови. Колу се повисоки, толку подобро.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично