Во првиот месец од годинава официјалните девизни резерви се зголемиле за 675,3 милиони евра. На крајот од јануари достигнале износ од 5.600,5 милиони евра. За споредба, на последниот ден од 2025 гоодина беа на нивото од 4.925,3 милиони евра.
Во хартии од вредност се пласирани најголем дел од резервите – 74,8 проценти. Во монетарно злато се чуваат 16,8, а во валути и депозити 8,4 проценти, информираат од Народната банка.
Девизните резерви ги контролира монетарната власт, која со нив управува и располага. Основната функција им е заштита на економијата од надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и за интервенции на девизниот пазар. ИСто така, нивото на девизните резерви е тесно поврзано со позицијата на државата на меѓународниот пазар, како и со нејзиниот капацитет да одговори на надворешните шокови.
Девизната ликвидност ги опфаќа средствата расположливи веднаш на монетарната власт и на централната влада за задоволување на побарувачката за девизи, како и краткорочните обврски и вонбилансни активности, преку планираните и потенцијални нето-одливи на девизи.
Аналитика








