ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви 4,69 милијарди евра – Во јуни зголемени за 6,5 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Официјалните девизни резерви во текот на минатиот месец се зголемиле за 6,5 милиони евра. На крајот од јуни се во износ од 4.697,6 милиони евра, информираат од Народната банка.

    Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност – 75,7 отсто. Во монетарно злато се 13,2 проценти, а во депозитите се 11 проценти од девизните резерви.

    За споредба, во јуни лани монетарната власт управувала со 4.337,5 милиони евра. За една година нивото на девизните резерви е кренато за повеќе од 360 милиони евра. Тогаш 60,1 процент се чувале во хартии од вредност, 28,8 проценти во валути и депозити, а 11,1 процент во монетарно злато.

    Највисокиот праг девизните резерви го достигнаа во јануари годинава, кога изнесуваа 5,041 милијарда евра.

    Девизните резерви се во ингеренции на монетарната власт, која ги контролира, управува и располага со нив. Нивната примарна функција е да ја заштитат економијата од надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и за интервенции на девизниот пазар. А, големината на девизните резерви ја означува позицијата на државата на меѓународниот пазар, како и нејзиниот капацитет да одговори на надворешните шокови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично