Винарската визба „Тиквеш“ освои девет награди, меѓу кои две Гран-при на 13. меѓународен вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија.
Највисоките награди на натпреварот ги понесоа две вина. Barovo Rosé 2024 освои двоен златен медал и Гран-при награда за најдобро розе вино, а Vranec Luda Mara 2022 – златен медал и Гран-при за вино што најдобро се комбинира со корејската кујна.
Наградени се и вината: Bela Voda Red 2021 со двоен златен медал, Domaine Lepovo Chardonnay 2023, Babuna Red 2022 и Alexandria Premium Cuvée Rosé 2024, кои освоија златни медали и Barovo Red 2021, кое освои сребрен медал.
„Овие признанија се резултат на нашата долгорочна посветеност, како кон квалитетот, така и кон создавањето вина со јасен идентитет и тероарска автентичност. Нашата амбиција е македонското вино да биде препознаено не само по вкусот, туку и по карактерот што го носи“, истакнуваат од „Тиквеш“.
SAKURA е еден од највлијателните вински натпревари во Азија, каде повеќе од 400 сертифицирани жени сомелиери и експерти оценуваат над 4.000 вина секоја година, со особен фокус на нивната компатибилност со азиската гастрономија.
Со овој успех „Тиквеш“ го зацврстува својот статус како водечки производител на вина од регионот и важен претставник на македонската винска индустрија на глобалната сцена.
Аналитика








