ПОВЕЌЕ

    Детско денарско штедење „Верверичка“ на Комерцијална Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Детското штедење „Верверичка“ е штедење наменето за деца до 18 години.   Овој посебен штеден производ беше создаден со посебно внимание со цел кај децата да создаде навика за одговорен однос кон парите, а наедно и да им ги предочи вредностите на штедењето. Покрај посебниот статус на производ наменет за деца, штедењето со „Верверичка“ носи извонредна каматна стапка со која штедниот влог може да нарасне во вистинска инвестиција за иднината на детето.

    Минималниот износ за орочување е 1.000,00 денари.

    Рокот на орочување е 1, 3, 6, 12, 24 и 36 месеци.

    При отвoрање на детски штеден влог ќе Ви биде издадена посебно дизајнирана штедна книшка „Верверичка“ во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. За отворање на штедна книшка доволно е присуство на еден родител и Извод од книгата на родени за детето.

    При отворањето на книшката, Вашиот мал штедач ќе добие специјален подарок – касичка.

    Отворањето на детските книшки се одвива на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

    Каматни стапки

    За детските денарски штедни влогови со фиксна каматна стапка, Банката ја плаќа следната камата:

    Орочени штедни влогови со фиксна каматна стапкаКаматна стапкаНачин на исплата на каматаВажи од:
    По видување0.01%на крајот од календарската година01.08.2015
    на 1 месец0.02%по истек на рокот01.04.2017
    на 3 месеци0.05%по истек на рокот01.03.2020
    на 6 месеци0.05%по истек на рокот01.03.2020
    на 12 месеци0.30%по истек на рокот01.03.2020
    на 24 месеци1.00%по истек на рокот01.03.2020
    на 36 месеци1.20%по истек на рокот01.03.2020

    За денарските штедни влогови орочени на 24 и 36 месеци, Банката нуди променлива каматна стапка, наведена подолу во Табелата (важат за договори склучени во период од 01.10.2017 до 30.09.2019):

    За штеден влог орочен на 24 месеци 0,09 п.п. над референтната каматна  стапка
    За штеден влог орочен на 36 месеци 0,49 п.п. над референтната каматна  стапка

    Временски периодКаматна стапкаНачин на исплата на каматаВажи од:
    на 24 месеци 1,62%по истек на рокот01.07.2020
    на 36 месеци2.02%по истек на рокот01.07.2020

    Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимум, разликата во износот, имате право да ја побарувате од стечајната маса на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично