Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека се детектирани лажни телефонски повици, во кои извесни лица се претставуваат како вработени во Охридска банка и од клиентите бараат лични податоци.
Од Охридска банка апелираат до клиентите, доколку се сомневате дека сте контактирани од непознати лице и доколку од вас се побарани ваши лични и/или сензитивни информации како број на лична карта, број на картичка, матичен број и слично, Банката ве замолува да им се обратите на маил адресата [email protected] и да им доставите име и презиме на лицето кое ве контактирало и ви се претставило, како и телефонскиот број од лицето кое ве контактирало.
Банката понатаму ќе присапи кон проверка на податоците и ќе ги извести надлежните служби во Министерството за внатрешни работи.
Исто така Банката, ќе достави одговор и до клиентот кој доставил пријава преку меил адресата: [email protected]
Одговорот ќе биде задолжително потпишан со дигитален сертификат.
Охридска банка АД Скопје ги известува клиентите дека вработените во Банката располагаат со потребните информации за своите клиенти, и истите не вршат телефонски повици за обезбедување на податоци од овој тип од своите клиенти.
Банката се оградува од сомнителните телефонски повици и по истите ќе постапи согласно Законот, а по пријава од клиентите.