Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура.
По тој повод, во сабота (28.9.2024) Музејот на Народната банка ќе биде отворен за јавноста од 10 до 16 часот.
За време на отворениот ден во Музејот на Народната банка ќе се одржи и работилница под наслов „Уметноста создава уметност“ на која стрип-цртачите од Здружението за промовирање на стрип-културата „Макстрипови“ ќе креираат дела инспирирани од збирката монети изложени во Музејот.