ПОВЕЌЕ

    Денес се одлучува – Колку ќе ја плаќаме струјата од 1 јануари

    Време зa читање: 2 минути

    Регулаторната комисија за енергетика денес ќе ја соопшти новата цена на струјата што домаќинствата ќе ја плаќаат од почетокот на годината. ЕВН Хоум ги направи и достави пресметките, а регулаторот ќе ги провери, по што ќе донесе одлука дали ќе ги одобри. Исто така, јавноста ќе слушне и колку ќе чини пристапот до мрежата како ново предвиден надомест.

    Она што досега е познато е – енергетските компании побараа зголемување од 27 насто, а од РКЕ реагираа дека тој процент нема да помине. Притоа, претседателот Марко Бислимовски во повеќе наврати го изрази тврдењето дека граѓаните нема да се соочат со ценовен шок. Но, и тоа дека предвид треба да се имаат и зголемените трошоци на компаниите предизвикани од загубите, повисоката набавна цена на струјата, зголемените плати.

    Во изминатиот период и владините претставници ја уверуваа јавноста дека нема потреба да стравува, особено не домаќинствата со рационална потрошувачка. Како што посочуваа, струјата ќе биде поскапа за тие што повеќе трошат, односно за корисниците од третиот и од четвртиот блок.

    За плаќање ќе има уште една ставка, за пристап до мрежа, кој ќе го плаќаат сите, трошеле или не струја, која првенствено енаменета за сопствениците на викендици, станови или куќи кои не се во редовна употреба. Со воведувањето на овој надомест, според најавите, ќе се намали износост на мрежарината.

    Согласно новите важечки правила, доколку регулаторот како контролно тело не се согласи со понуденото, предлогот ќе биде вратен на преиспитување и корекција во ЕВН Хоум.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично