Денешното тргување со акциите на Комерцијална банка на инвеститорите ќе им обезбеди право на дивиденда за 2025 година. Осми април е последниот ден кога купувањето акции носи право на оваа исплата, додека 9 април е првиот ден на тргување без дивиденда.
Пресекот на акционерската книга ќе се изврши на 14 април, кога ќе се утврди кои инвеститори имаат право на исплата.
Секоја акција носи бруто-дивиденда од 1.350 денари, што претставува 135 проценти од номиналната вредност од 1.000 денари. Вкупно, за дивиденда ќе бидат распределени околу 50 милиони евра.
Исплатата на дивидендата ќе започне на 4 мај.
Комерцијална банка ја заврши 2025 година со нето-добивка од 82,5 милиони евра, што овозможува високо ниво на исплата кон акционерите.
Аналитика








