ПОВЕЌЕ

    ДЕМОГРАФСКИ БРАН: 111 ИЛЈАДИ НОВИ ПЕНЗИОНЕРИ — КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАЌА? – Ристо Бајатов во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Актуарот Ристо Бајатов предупредува на остар демографски удар врз Фондот за пензиско осигурување. Во следните 8 до 10 години ќе имаме над 111 илјади нови пензионери. За да се одржи пензискиот систем, ќе бидат потребни многу повеќе вработени со пристојни плати за кои ќе се плаќаат придонеси. Ова е клучното фискално прашање за наредната деценија, вели Бајатов во „Каде се парите?“.

    „Ако ја видиме просечната пензија во моментот, кој што еден пензионер ја добива кај нас, просечната пензија е околу 26.000 денари. Да претпоставиме дека овие 111.000 вработени ќе се заменат, нормално, тоа се празни работни места кои што треба да се заменат, од помлада генерација. И ако е нето платата за тоа работно место, 30.000 денари, нето, практично односот е, како што кажа, госпоѓа Станковиќ, пута три. Значи, тебе ти требаат тројца вработени кои што ќе земат нето платат 30.000 денари, да платат придонес, а тој придонес за пензиско – инвалидско да оди за исплата на еден пензионер со пензија од 26.000 денари.“

    Премиера: четврток во 12:00 — притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично