ПОВЕЌЕ

    Како се одрази очекувањата за ковид вакцината врз Делта Ерлајнс?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Позитивните очекувања за вакцина против коронавирусот, ги зајакнаа пазарите на глобално ниво. Европските пазари се искачија повисоко со FTSE и Dax и пораснаа за 1%, а американските фјучерси исто така сигнализираа позитивно отварање.

    Но како тоа се одрази на американската авиокомпанија Делта, која вчера ги објави своите резултати за вториот квартал? Се покажа дека загубите беа поголеми од очекуваните. Според проценките на Блумберг, загубата по акција е 4,43 долари, наспроти очекуваните 4,22 долари. Извршниот директор на Делта, Ед Бастијан рече: „Ние продолжуваме да веруваме дека ќе бидат потребни повеќе од две години пред да видиме одржливо закрепнување“. Акцијата на фирмата го затвори денот со 2,7% загуба, но нагло се искачи на крајот на денот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично