ПОВЕЌЕ

    Дел од антикризните мерки ќе се активираат во ноември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Можно е одредени антикризни мерки да бидат активни од почетокот на ноември, откако претходно ќе поминат на собраниската седница закажана за 19 месецов. Штом почне процедурата ќе се обзнанат и мерките, информираше вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

    Мерките ќе бидат во насока на превенција од високите цени на производите, наменети за граѓаните. Според вицепремиерот, во моментов податоците не укажуваат дека треба да се донесат и одредени мерки кои директно ќе го помогнат стопанството. Сепак, додаде, се уште се одредува кои целни групи треба да бидат опфатени, нагласи дека антикризните мерки не се носат за трговците, туку за граѓаните.

    „Антикризните мерки ќе се носат за граѓаните. Да им се помогне на тие на кои што најмногу им е потребно. Причините институционално ќе ги решаваме. Штетата ја трпат крајните корисници и таму треба да се насочиме со мерки“, дециден е Битиќи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично