Кога ќе се спомне патување во Италија, сите прво помислуваат на огромното крајбрежје, античките руини и историја, природните убавини, одличната кујна, величенствените планини и културата. Кога сме на тема култура Италија изобилува со многу градби, склуптури, палати, споменици и слики кои се “tantissimo“ познати во целиот свет. Но, се запрашал ли некој каков материјал бил потребен за изградба на овие скулптури и градби и колку време било потребно за подготовка на едно такво ремек – дело?
Тоскана е еден од најпрепознатливите италијански региони, познат по сликовитите тополи и бесконечните “tantissimo“ полиња со винова лоза, но многу малку е познато дека токму од овој регион доаѓа најстариот и највреднуван мермер за подготовка на историските скулптури и ремек дела во светот. Се работи за Карара мермерот или попознат кај Римјаните како Луна мермер, којшто се наоѓа на северниот дел од Апуанските Алпи, планински венец во северна Тоскана, којшто се протега на 58 километри и достигнува 2.000 метри височина. Извлекувањата се прават уште од римско време, па сè до денес.
Кога ќе ги видите од далечина изгледаат на планини покриени со снег, но всушност тоа се планини направени целосно од мермер. Поради извлекувањата од римско време, Карара каменоломите имаат произведено повеќе мермер отколку било кое друго вакво место во светот. Секоја година се произведуваат 4 милиони тони мермер.
Зошто мермерот Карара е еден од “tantissimo“ престижните мермери во светот? Бидејќи, плоча може да чини до 400 долари по квадратен метар, а во текот на историјата се користела за некои извонредни градби. Помислете на Пантеонот во Рим или на исконската статуа на Микеланџело, Давид. Дури Микеланџело сам одел до каменоломите каде се извлекува мермерот за лично да ги одбере плочите за неговите ремек-дела. Каменоломите се дел и во еден од Џејмс Бонд филмовите, Quantum of Solace (2008), каде Даниел Крег вози Астон Мартин по мермерните падини, но поради тесниот пат околу каменоломите не ви препорачуваме да го возите вашиот Астон Мартин тука.
Карара мермерот се ископува од 188 каменоломи, кои се наоѓаат во Апуанските Алпи. На прв поглед кога ќе ги видите каменоломите изгледа како перфектен линеарен облик. Изгледа како планината да е поделена на точни блокови од квадрати. Во зависност каде се наоѓаат каменоломите, варира и нивната цена, некои ги има во внатрешноста на планината и тие се поскапи бидејќи потребното извлекување од пештера чини повеќе. Вообичаено најскапиот мермер е тој што се извезува, па така во 2018 година 1,2 милиони блока ја поминале италијанската граница до Кина, САД и Германија како три најбарани дестинации.
Останатиот мермер се транпортира најчесто до крајбрежните градови од западна Тоскана. За разлика од странските компании, кои ја бараат најскапата плоча, локалните уметници го бараат совршениот камен за да му дадат живот, како што велел Микеланџело.
Поради неговата сирова и рафинирана форма, Карара мермерот е расфрлан насекаде. Не е бесконечен ресурс и некогаш ќе исчезне. Кога ќе дојде тоа време, статуите, палатите, плочките и спомениците низ целета земјина топка, засекогаш ќе го носат парчето мермер од планините од Тоскана.
Сакаш да ја посетиш Тоскана и да ги видиш сите убави за кои прочита?
Во тек е наградната игра на Credissimo, „Ma Tantissimo со Credissimo“, во која главна награда се две патувања во Италија. Доколку добитниците на главната награда се љубители на уметноста, можат да го посетат ова прекрасно место и да дознаат повеќе како изгледа процесот на подготовка на една скулптура. За сите дополнителни информации околу наградната игра може да се информираш со клик на линкот.