
Комерцијална банка ја заврши 2025 година со силни финансиски резултати потврдија акционерите на одржаното годишно Собрание. За успешната реализиација на деловните активности, тие ќе добијат дивиденда од бруто 1.350 денари за акција.
Банката остварила бруто-добивка од 5.632,5 милиони денари (91,6 милиони евра), а по оданочувањето од 555,2 милиони денари (9 милиони евра), нето-добивката изнесува 5.077,3 милиони денари (82,5 милиони евра).
Акционерите донесоа одлука целата нераспределена добивка да се распореди, при што најголемиот дел од 3.076,7 милиони денари (50 милиони евра) – ќе биде исплатен како дивиденда. Утврдени се 1.350 денари по акција, односно 135, проценти во однос на номиналната вредност од илјада денари.
Исплатата на дивидендата ќе започне на 4 мај. Право на дивиденда ќе имаат акционерите евидентирани во акцонерската книга заклучно со 14 април. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 8 април, додека од 9 април акциите ќе се тргуваат без тоа право.
Покрај исплатата на дивиденда, Банката ќе издвои над 26 милиони евра во резерви, со цел зајакнување на капиталната позиција, а 6,5 милиони евра ќе се користат годинава за инвестициски вложувања.
Исто така, акционерите одобрија и средства за награди на членовите на Надзорниот одбор во вкупен износ од 5,33 милиони денари или 86,6 илјади евра.
На годишното собрание биле усвоени финансиските извештаи, консолидираните извештаи и годишниот извештај за работењето на Комерцијална банка во 2025 година.
Аналитика








