ПОВЕЌЕ

    ДДВ уплатите покуси за 758,6 милиони денари – УЈП спрема казни за неплаќачите

    Време зa читање: 2 минути

    Долг од 758,6 милиони денари или 12,3 милиони евра имаат 1.198 даночни обврзници кои навреме не ја намириле обврската по основ на ДДВ за октомври. Од Управата за јавни приходи ги повикуваат должниците да го платат данокот во најкус рок. Во спротивно, од вторник УЈП почнува со спроведување мерки за дисциплинирање на неплаќачите.

    Износот што требало да биде уплатен до 25 ноември предвиден како последен рок, е 2,99 милијарди денари, односно 48,6 милиони евра. Пресметан е врз пријавите на 3.949 даночни обврзници. Оттаму произлегува дека обврската уредно ја исполниле повеќето од обврзниците – 2.751. Нивната вкупна уплата е 36,3 милиони евра.

    По јавното предупредување за неплаќачите, од вторник (3 декември) ќе уследат опомени испратени преку пораки. Ако и тоа не помогне, тогаш од 23 декември УЈП ќе пристапи кон блокирање на нивните трансакциски сметки.

    Освен тоа, за секој ден задоцнување, согласно законот, се пресметува камата од 0,03 отсто од преостанатиот долг.

    Од УЈП потсетуваат: „Редовното и навремено плаќање на даночните обврски не само што е законска обврска, туку е и основа за финансиска стабилност на нашето општество. Со навремено исполнување на даночните обврски, придонесуваме за развојот на инфраструктурата, здравството, образованието и другите важни јавни услуги, што сите ги користиме“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично