ПОВЕЌЕ

    Данокот за личен доход не го намириле 3.155 обврзници – УЈП ги повикува да платат

    Време зa читање: 2 минути

    Платете го веднаш доспеаниот данок по ДЛД-ГДП за 2024 година и избегнете присилна наплата, се вели во јавното обраќање од Управата за јавни приходи до неажурните обврзници. Според евиденцијата, на оваа обврска се уште не одговориле 3.155 даночни обврзници, а рокот за плаќање завршил на 30 јуни.

    До тој датум тие не ја намириле разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава ДЛД-ГДП за 2024 година. Затоа, велат од УЈП, во наредниот период прво ќе опоменуваат, а потоа ќе пристапат и кон присилна наплата на „доспеаните неплатени долгови по овој основ што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“.

    Освен препораките на кој начин да се плати даночниот долг, од УЈП ги советуваат нередовните плаќачи да ги искористат законските можности за плаќање на долгот.

    „Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10.000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172“, посочуваат од УЈП и додаваат дека долгот може да биде платен и од трето лице.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично