Дали Македонија конечно го наоѓа своето место на туристичката мапа или само ги брои гостите без да им понуди вистинско искуство?
Во новата епизода на поткастот „Каде се парите? со мене, Горан Теменугов“, анализираме бројки, трендови и профили на туристи.
Споредуваме со регионот и дебатираме – квантитет или квалитет?
Гостин, Љупчо Јаневски поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и универзитетски професор.
Останете со нас и дознајте што навистина му треба на македонскиот туризам за да донесе добри пари!
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.
Гледајте не.