ПОВЕЌЕ

    ДАЛИ ЌЕ ГО СОЧУВАМЕ РЕК БИТОЛА додека не се изградат соодветни стабилни алтернативи?

    Време зa читање: 3 минути

    РЕК Битола е најголем енергетски капацитет во државата кој произведува во просек од 45 до 50 проценти од струјата во земјата. Тој од синоќа не работи. Oд мрежа бил исклучен блок 3, а во тек се операции за вклучување на Блок 2. Се очекува постројката да биде синхронизирана со македонската електроенергетска мрежа околу 15 часот. РЕК Битола во овој период ќе работи со еден блок. Додека, пак, на блок 1 годинава воопшто не бил извршен ремонт, така што потребни се интервенирање и врз оваа постројка.

    Поради лошата состојба во енергетскиот сектор државата беше принудена да купува струја се со цел да се покријат потребите. ЕСМ купи струја за до средината на октомври. А, во последно време се направија неколку набавки за да се покријат потребите.

    Ова не е првпат РЕК Битола целосно да биде надвор од мрежа. Претходно поради проблеми со далновод на МЕПСО често се случуваше централата да не работи.

    Енергетичарите велат дека среќа што има увоз на струја и доволно силно сонце за да работат фотоволтаичните централи, па се компензира потребата за струја. Според нив, има две причини за ваквата состојба во најголемиот енергетски капацитет во земјава. Едната е од техничка природа – староста на опремата која може да предизвика чести испади и немањето доволно јаглен, а втората е човечкиот фактор односно неговата способност да се носи со задачата која му е дадена.

    Треба да се нагласи дека нашите термоелектрани на јаглен се стари, градени од 1980 до 1988 година и дека се подложни на чести дефекти. Нашите резерви на јаглен се прикрај и со низок квалитет и мора да се увезува јаглен однадвор. Така, чинењето на произведената електрична енергија во РЕК „Битола“ е релативно висока, понекогаш и над берзанската цена

    Експертите споменуваат државата нема алтернатива за стабилно производство во блиска иднина и ќе треба да троши големи финансиски средства за увоз на електрична енергија во периодите кога нема сонце (и ветер). Во последниве три години се изградија и се градат интензивно фотонапонски централи за производство на електрична енергија и тоа најмногу поради високите цени на електрична енергија на отворениот пазар, но има и други причини. Тие велат дека сето тоа е позитивно, но електричната енергија добиена од сонце е моментална и ја нема во периодите кога нема сонце. Во таквите случаи, потребно е стабилно производство за да ги задоволи потребите во тие периоди, а најчесто се случува тоа во текот на грејната сезона (во зима). Ако се затворат термоелектраните на јаглен, како базна енергија останува само онаа произведена во хидроелектраните, но таа не е доволна и не е константна, бидејќи зависи од хидролошките услови. Затоа треба да се впрегнат сите сили за РЕК „Битола“ да издржи со работа додека не се изградат соодветни стабилни алтернативи.

    Со оглед на тоа дека доаѓа зимата кога и потрошувачката се зголемува, планот е набавките да се прават на подолг временски период од неколку месци. Ова го соопштија од министерство за енерегетика и додадоа дека најверојатно за да се истуркаaт зимските месеци ќе се бараат кредити од домашните банки за да се обезбедат пари за да може да се купуваат потребните количини.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично