ПОВЕЌЕ

    Дали Европа ќе се придржува кон американската антикинеска политика?

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот претседател Џо Бајден го започна своето прво службено патување во Европа со порака дека „САД се враќа“. Него го очекуваат разговори за стабилизирање на односите со европските сојузници, по кризата за доверба за време на мандатот на неговиот претходник Доналд Трамп, како и за усогласување на заеднички стратегии за економската конкуренција со Кина.

    Првата посета на Бајден беше на американските трупи во воздухопловната база Милдена во Англија, каде ги презентираше своите планови за турнејата.

    „ Јасно ќе кажеме дека САД се врати и дека демократиите стојат заедно со цел да се решат најтешките предизвици и прашања од најголемо значење за нашата иднина. Дека сме спремни да употребиме сила, да ги браниме нашите вредности и да работиме за својот народ “, рече Бајден.

    Американскиот претседател истакна дека веќе завршува пандемијата со Ковид-19 низ светот и најави дека САД ќе донира 500 милиони дози од вакцината Фајзер на 92 земји со пониски примања и на Африканската унија во текот на следната година. Советникот за национална безбедност на претседателот, Џек Саливен изјави дека Соединетите држави ќе бидат „арсенал на вакцини“, како што тие биле арсенал на демократијата во Втората светска војна.

    Во фокусот на разговорите на Бајден со европските лидери ќе биде Кина. Тој и другите лидери на Г7 ќе објават програма за финансирање на инфраструктурата во земјите во развој, чија цел е директно да се натпреварува со Пекинг. Сепак, не сите европски земји го делат ентузијазмот на Бајден за ривалство со Кина, која тој ја прогласи за решавачка конкуренција во 21 век.

    Американскиот претседател на крајот од престојот во Европа ќе се состане со рускиот лидер Владимир Путин во Женева, како и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично