ПОВЕЌЕ

    ЦВЕТА ЈОСИФОВСКА, АНГЕЛА ИВАНОВСКА И ДИЈАНА МУШОВСКА од Комерцијална банка се прогласени за најдобри службеници за 2025 година

    Време зa читање: 3 минути

    По повод традиционалниот избор на најдобри банкарски работници што го организира Македонската банкарска асоцијација по повод Денот на штедењето, оваа година признанието им припадна на повеќе истакнати професионалци од банкарскиот сектор.

    Од Комерцијална банка признанието го добија Цвета Јосифовска – самостоен стручен соработник-контролор во Секторот за работа со население, Ангела Ивановска – стручен соработник за продажба во Самостојната Дирекција за управување со мрежата на филијали и Дијана Мушовска – самостоен службеник за платен промет во земјата.

    Најдобар службеник се станува со посветеност, одговорност и љубов кон работата и со темелно пристапување кон секоја обврска и задача. Важна е и подготвеноста да им се помогне на колегите и на клиентите и секојдневно да се надградува знаењето со активно следење на новините во банкарството. Успехот не доаѓа, како што се вели, преку ноќ, а најважна е желбата за постојано учење и напредок“, изјави Цвета Јосифовска за порталот Пари.

    Јосифовска во Комерцијална банка работи повеќе од 23 години и во овој подолг период, како што вели таа, имала можност да се развива професионално и да одговорам ефикасно на задачите и на предизвиците

    „За мене оваа награда претставува голема чест и потврда дека трудот, лојалноста и посветеноста се вреднуваат и секако мотивација да продолжам и понатаму. Овие признанија ги мотивираат и другите вработени да се стремат кон највисоки стандарди во работењето. Со голема благодарност ја примив наградата како поттик за уште подобро работење“, истакнува таа.

    „Искрено сум благодарна и ми е огромна чест што сум прогласена за една од најдобрите банкарски службеници за 2025 година. Ова го чувствувам како големо признание и препознавање на вложениот труд и посветеност и како силен поттик да продолжам понатаму со поинтензивно темпо“, посочува Ангела Ивановска.

    Таа за Пари вели дека изминатите седум години, како дел од тимот на Комерцијална банка биле исполнети со секојдневно учење, стекнување и споделување искуства, работа со одличен тим и со максимална поддршка и простор за развој.

    „Сметам дека патот до успешен банкарски професионалец се гради преку континуирано исполнување на своите работни задачи и обврски со целосна посветеност и истрајност, како и преку континуирана едукација и стекнување стручно знаење, адаптација на промените и проактивен пристап кон клиентите. Иако бројките се од суштинско значење, сепак нашата клучна мисија е да градиме силна долгорочна доверба со клиентите и да нудиме финансиски решенија кои одговараат на нивните потреби.

    Моето неколкугодишно искуство ме научи дека посветеноста кон етичките принципи, континуираната едукација и љубовта кон својата работата се столбови на успехот“, објаснува Ивановска.

    Дијана Мушовска, за добиената награда, вели дека по 25 години посветена работа во Комерцијална банка, оваа награда не е само личен успех, туку и резултат на континуираното учење, професионализам и тимска работа.

    „Според мене, успешен професионалец не е само оној кој ги достигнува своите цели, туку и оној кој постојано ги надминува очекувањата и го става клиентот на прво место. Работата со клиентите целосно ме исполнува и ми причинува задоволство кога тие се задоволни од услугата што ја нудиме. Трпението, посветеноста и внимателноста се клучни фактори во оваа работа бидејќи работата со клиенти е од сензитивен карактер. Само со добра концентрација и пријатна работна атмосфера може да се постигне позитивен резултат. Кога вработените се задоволни, и клиентите се задоволни. Уште едно огромно благодарам до Комерцијална банка за наградата“, истакна Мушовска за Пари.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично