Бруто домашниот производ за Јуни се намали за 20,2 проценти, според Заводот за статистика (Монстат).
Ова значи дека Црна Гора е пред длабока рецесија, односно може да се очекува слична стапка на економски пад во третиот квартал, бидејки годишната стапка на пад ќе биде над 10 проценти и јавниот долг на крајот на годината ќе биде околу 90 проценти од БДП.
Рецесија е кога една земја има пад на БДП во два последователни квартали. Монстат ќе објави податоци за третиот квартал во декември, но веќе е јасно дека Црна Гора е во рецесија.
Според економската теорија, годишниот пад на БДП над 10 проценти се нарекува депресија и потребни се најмалку пет години за да се опорави економијата по ваквиот пад за да се достигне периодот пред кризата.