ПОВЕЌЕ

    „ЦРН ЧЕТВРТОК“ на Македонска берза – Акциите потонаа, чија акција најмногу се купуваше?

    Време зa читање: 4 минути

    ЦРН ЧЕТВРТОК на Македонска берза.

    Вчера наутро, македонските инвеститори и берзанските брокери ги разбуди веста за воен напад на Русија врз Украина. На тоа силно реагираше и цената на акциите на Македонска берза, кои забележаа голем пад.

    Поради силниот пад, Македонска берза во 12:23:05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути, по што купувањето и продажбата продолжија во 12:54:00 часот.

    Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39%, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%“, соопштија од Берзата.

    Нешто подоцна, од Берзата соопштија дека тргувањето продолжи во 12:54:00 часот, како и дека официјализација на денот на тргување ќе биде во 14:30 часот.

    Инаку, според Правилникот  за тргување до прекин на тргувањето може да дојде доколку почетната продажна цена на акциите отстапува за повеќе или помалку од 10 отсто од последната просечната цена на тргување на редовното тргување.

    Берзанскиот индекс МБИ 10 на крајот на тргувањето забележа голем пад од дури минус 8,65 отсто во однос на вчерашниот ден, спуштајќи се на вредноста од 5.627,16 поени, што е најниско ниво уште од 21 септември минатата година.

    Во црвено беше вредноста на сите десет најтргувани акции, при што загубата изнесуваше од минус 3,41 отсто кај Макстил, до 11,48 отсто кај Макошпед Скопје.

    Акцијата на Комерцијална банка загуби 9,99 отсто и сега просечната цена на акцијата изнесува 11.182,45 денари, додека алкалоидовата акција забележа загуба од 9,51 отсто и сега просечната цена на акцијата изнесува 16.473,99 денари. Цената на акцијата на Макпетрол се намали за 10 отсто и сега просечната цена по акција изнесува 68.400,00 денари. Акцијата на НЛБ Банка загуби 7,42 отсто, а на Стопанска банка Скопје 9,47 отсто. Цената на акциите на Гранит се намалија за 9,97 отсто, достигнувајќи просечна цена од 1.184,00 денари, додека на Стопанска банка Битола се намалија за 8,89 отсто.

    ИНВЕСТИЦИСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ВЕЛАТ СЕГА Е ВРЕМЕ ДА СЕ КУПААТ АКЦИИ НА КОМПАНИИ ШТО ПРЕТХОДНО БИЛЕ СКАПИ

    Овластениот инвестициски советник на Капитал Асет Менаџмент, Коста Костадиновски вели дека по вчерашниот шок берзите брзо се опоравија и уште на затворањето завршија во позитива. Утрото исто така на светските берзи им донесе добар плус што покажува дека се ублажуваа падот и сега е моментот кога ќе се согледуваат реалните последици од вчерашниот пад.

    -Сега е време компании што сакале да купат акции, а претходно им биле недостижни поради цената да го направат тоа. Всушност сите кризи досега биле добра прилика за купувачите, вели Костадиновски.

    Најголем дел од компаниите на берза вчера изгубија околу 10% од вредноста на акциите, а најголема распродажба е остварено со акциите на Комерцијална банка.

    -Имаше поголема ликвидност со акциите на Комерцијална банка, се продадоа преку 3.000 акции, вели инвестицискиот советник.

    Костадиновски вели дека случувањата со Русија и Украина не очекува многу да ја погодат македонската економија поради слабата трговска соработка со овие две земји.

    ДЕЛ ОД СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ ПО ПРВИЧНИОТ ПАД НА КРАЈ ЗАТВОРИЈА ВО ПЛУС

    Во Европа, тргувањето на германската DAX заврши со загуба од 3,96 отсто, додека Stoxx Europa 600 за 3.28 отсто.

    Хонгкошката Hang Seng изгуби 3.2 проценти.

    На Волстрит, на почетокот на тргувањата главната S&P 500 берза се намали за 2.5 отсто, за потоа да се зголеми по повлекувањето на паниката кај инвеститорите. Но претпладне индексот заврши во плус 1.5 отсто.

    Америчкиот индекс Nasdaq исто така заврши во плус 3,34 отсто.

    Во зелено беше и Dow Jones со позитива 0,28 отсто.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично