ПОВЕЌЕ

    Credissimo донира топол оброк на клиниката за инфективни болести

    Време зa читање: 3 минути

    Пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19, која трае веќе една година, со сигурност наметна нови предизвици и тешкотии во секојдневното функционирање, но сепак најголемиот товар го носат здравствените работници, а со тоа и здравствениот систем.

    Во време на криза која е резултат од пандемијата, како знак на поддршка на здравствениот систем и на здравствените работници, финтек-компанијата Credissimo која применува општествено одговорни практики, во период од две недели ќе донира вкусен топол оброк за сите вработени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, под мотото #ТополОброкНавреме. Ваква иницијатива компанијата спроведе и во другите држави каде што е присутна – Бугарија, Полска и Колумбија.

    На овој начин, компанијата сака да оддаде почит за трудот и работата на лицата кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик за сопственото здравје и здравјето на своите блиски, безрезервно се борат за здравјето на своите граѓани. Со оваа иницијатива, Credissimo ќе даде свој удел во намалување на последиците од вирусот ковид-19.

    Денес на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, тимот од Credissimo лично се погрижи за ручекот на вработените, искажа благодарност за трудот што медицинскиот персонал несебично и секојдневно го вложува и им посака да продолжат со одличната работа.

    Верувам дека со оваа наша постапка ќе му помогнеме на персоналот на Клиниката кој е на првата борбена линија со вирусот КОВИД-19 и ќе ги мотивираме да продолжат неуморно и професионално да ја работат својата работа како и досега. Се надевам дека ќе ја почувствуваат нашата безрезервна поддршка, бидејќи во моментов, тоа е и најпотребно, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

    Кредисимо е веќе 5 години присутен во Македонија и со оваа донација го означуваме почетокот на голем број на активности од општествена одоговорност, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

    Со цел одржување на оперативната одговорност и подготвеност на здравствениот систем во земјава, од 22 февруари, па сè до 7 март, вработените ќе бидат обезбедени навреме со топол оброк за својата пауза.

    Голема благодарност до компанијата Credissimo кои покажаа голема хуманост како општествено одговорна компанија и дадоа свој придонес на нашата клиника. Со ваков потег со кој  компанијата донираше топол оброк во период од 2 недели се укажува на едно признание кон работата на нашиот персонал кои цела година наназад напорно работи и се вложува. Изјави директорката од Клиниката за инфективни болести – Др сци. Мирјана Пехчевска Поп Илиев.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично