ПОВЕЌЕ

    Coinbase со фантастично деби на берзата

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на Coinbase се затворија со 328,28 долари на своето деби на берзата NASDAQ. 

    Така, пазарната капитализација на таа платформа за тргување со криптовалути достигна 85,8 милијарди долари.

    Акциите на Coinbase пораснаа од нивото од 381 долар на дури 429,54 долари по акција на отворањето на тргувањето, по што паднаа под првичното ниво на околу 310 долари, пренесува CNBC. Сепак, дури и на тоа ниво, цената сè уште беше значителна над референтниот износ од 250 американски долари утврден на Почетната јавна понуда.

    Coinbase им овозможи на вработените и постојните акционери веднаш да ги продадат акциите по пазарна цена.

    Во пресрет на дебито на берзата, најголемата крипто валута во светот повторно го сруши сопствениот рекорд, надминувајќи ја вредноста од 64.000 долари за прв пат во историјата.

    Имено, најстарата дигитална монета зајакна во средата за повеќе од 6,0 проценти и се тргуваше за 64.829 долари. Биткоинот на тој начин го сруши рекордот двапати за помалку од 24 часа, бидејќи во вторникот за прв пат ја помина границата од 63.000 американски долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично