ПОВЕЌЕ

    Членови од Управниот и Надзорниот одбор купуваат акции од „Гранит“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Раководството на „Гранит“ инвестира во акции издадени од градежното претпријатие. Од компанијата информираат дека со хартии од вредност се стекнале тројца членови од телата на управување, двајца од Управниот и еден од Надзорниот одброр.

    Андреа Серафимовски купил 630 обични акции, а Катерина Ѓердовска – 320 обични акции. Тие се во составот на Управниот одбор.

    Членот на Надзорниот одбор, Виолета Божиноска, се стекнала со 1.000 обични акции, наведено е во објавата споделена преку Македонска берза.

    Пред неколку дена од градежната компанија ја известија инвеститорската јавност дека најголемите акционери ги зајакнале сопственичките позиции: првиот човек на УО, Страшо Милковски купил 8.760 обични акции, Зоран Милковски (член на УО) – 12.300, а претседателката на НО, Ивана Милковска–Симева се стекнала со 14.716 обични акции.

    Акцијата на „Гранит“ е меѓу најтргуваните на официјалниот пазар, а во последно време се забележливи и зачестени блок-трансакции. Просечната цена за акција, со вчерашен датум, е 1.700 денари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично