Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Централна кооперативна банка ад Скопје, средствата по основ на примања од социјални права за месец мај ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 02.06.2020 година (денес).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 02.06.2020 година.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 3 групи:
1. 02.06.2020г. (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
2.03.06.2020г. (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
3. 04.06.2020г. (четврток) – П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.