ПОВЕЌЕ

    Чевларските компании во криза, нарачките од странство намалени за 40 отсто

    Време зa читање: 2 минути

    Корона кризата што се почуствува во многу економски сектори, ги погоди и компаниите од чевларската индустрија. Нарачките од странство се намалени за околу 40 отсто, а оние компании што работат, произведуваат со драстично намален капацитет.

    Според Лидија Милановска, потпретседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, СКМ, изолацијата на Италија подолг временски период, како резултат на кризата предизвикана од Ковид-19, го оневозможи извозот на готовите полупроизводи или производи во оваа земја, каде македонските чевларски и кожарски компании реализираат најголем дел од извозот, односно преку 95% од своето производство.

    „Голем дел од компаниите што продаваат готови производи, односно произведуваат чевли, а немаат посредник, веќе имаат добиено известување од италијанските партнери дека се е стопирано во наредниот период. Оние што и минимално нешто работат, без разлика дали директно со италијански партнери или преку посредници на српски компании, посочуваат дека нарачките за овој и за следниот период се намалени за околу 40 отсто. Моментално во кумановскиот регион работат околу 10 отсто од компаниите од чевларската индустрија, со капацитет на искористеност на производството од 35 отсто“, посочува Милановска.

    Според СКМ, финансиските штети за компаниите се огромни и непроценливи, наредниот период ќе биде неизвесен и тежок, последиците ќе се чуствуваат подолг временски приод, поради тоа што и странските партнери работат со намален капацитет и драстично намалени продажби на производи.

    „Чевларските и кожарските компании кои во најголем дел се лоцирани во кумановскиот регион и работат лон-производство за однапред познати италијански партнери и кои соработуваат пред сесо италијански производители на чевли, поради ширење на корона вирусот, трпат огромни штети и загуби, а поради видот на производство, немаат нит голем простор за реорганизација на процесот, ниту пренамена, за да може да опстанат на пазарот“, вели Милановска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично