ПОВЕЌЕ

    Четврти спортски игри на Сава Осигурителна Групација: Шест нации, здрава конкуренција

    Време зa читање: 3 минути

    Моравске Топлице, Хрватска, како домаќин на четвртите спортски игри, минатиот викенд пулсираше во доброто расположение, тимскиот дух и енергијата на вработените во Сава Осигурителна Групација. Повеќе од 600 лица дојдени од земјите каде што е е присутна оваа компанија.

    „Уште еднаш докажавме колку силна може да биде врската кога оди надвор од границите. Четвртите спортски игри ги споија луѓето, јазиците и културите, обединувајќи ги во приказна во која тимскиот дух и вистинската радост во колективните и индивидуалните победи беа во центарот на вниманието“, велат учесниците на игрите.

    Тимските играчи своите вештини ги прикажале во футсал, улична кошарка и одбојка на плажа. А, поединците – во тенис, трчање и стрелаштво. Приврзаниците на забавата во спортот биле дел од трката со балони.

    Се одржал и меѓународен натпревар во подготовка на скара, со тимови кои се докажале во креативното готвење.

    „Духот на здравата конкуренција можеше да се почувствува насекаде, и на крајот, го прославивме секој медал заедно“, истакнуваат од Сава пензиско друштво Скопје, чии натпреварувачи од Моравске Топлице се вратиле со три златни медали во пинг-понг (жени) и штафетно трчање, со две сребра во улична кошарка и трчање (жени) и со една бронза во пинг-понг (мажи).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично