ПОВЕЌЕ

    ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОТКАКО ГО ОБЈАВИ ПРОТОТИПОТ, Тесла го произведе својот прв Cybertruck

    Време зa читање: 2 минути

    Tesla конечно го изгради својот прв Cybertruck, објави компанијата на Твитер во саботата, две години задоцнување од предвиденото.

    Компанијата за електрични автомобили на Твитер објави слика на работници со цврсти шапки околу елегантниот Cybertruck, за кој рече дека е изграден во нејзината фабрика Гига во близина на Остин, Тексас.

    Илон Маск пред неколку дена на својот Твитер профил се пофали дека го возел новиот сајбер-трак на Тесла по патиштата во околина на Остин и објави фотографија од возилото.

    Тесла го откри прототипот за футуристичкиот Cybertruck во 2019 година, велејќи дека производството ќе започне кон крајот на 2021 година. Впечатливиот прототип изгледал како голем метален трапез на тркалата, а неговата надворешност е направена од легура од не’рѓосувачки челик. Меѓутоа, демонстрацијата на наводно нескршливите стакла на камионот во 2019 година резултираше со контраефект кога металната топка фрлена кон прозорците, всушност, ги скрши.

    Тесла главно молчеше за плановите за високоочекуваното возило, но во 2021 година објави дека доаѓа ажурирана верзија. Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, рече дека компанијата сè уште не може да дебитира со долго ветени нови возила, како што е пикапот Cybertruck, поради проблеми со синџирот на снабдување.

    Сепак, во јануари Tesla објави дека ќе започне со производство на Cybertruck подоцна оваа година. Претходно беше кажано дека обемното производство на возилото се очекува во 2024 година.

    Cybertruck му дозволува на Tesla да се натпреварува на профитабилниот пазар на електрични пикапи, кој ги вклучува Rivian’s R1T, Ford F-150 Lightning и GMC Hummer EV пикапот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично