ПОВЕЌЕ

    Четири блока, 864 акции – кој инвестирал над 259 илјади евра во Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Инвестирани се вкупно 15.955.130 денари во 864 акции на Комерцијална банка. Преку четирите реализирани блок трансакции некој или некои вложил(е) повеќе од 259 илјади евра.

    Гледано според податоците од официјалната дневна берзанска листа, односно по цената, се работи за една плус три трансакции.

    Првиот и најголем блок опфаќа 496 акции издадени од најголемата и најуспешна македонска банка. За нив е платена и највисоката единечна цена од 18.700 денари. Тој пакет е со вредност од 9.275.200 денари или 150,6 илјади евра.

    Освен што се со помал број акции, другите три блок трансакции се заокружени по понска цена. За акција – 18.152 денари.

    Конкретно, вториот пакет со 122 акции е платен 2.214.540 денари, што е противвредност на речиси 36 илјади евра. Во третиот има 131 акција и чини 2.377.910 денари или 38,6 илјади евра. Вредноста на четвртиот е 2.087.480 денари, односно 33,9 илјади евра, а се содржи од 115 акции.

    И на официјалниот пазар денес се тргувало со акциите на Комерцијална банка, при што просечната е 18.159,22, а последната постигната цена е 18.162 денари. Во споредба со нив, акциите од првиот пакет се платени по повисока, а другите по помала цена.

    Пред две недели исто така имаше блок трансакција со 454 акции на Комерцијална банка, вредна околу 130 илјади евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично