ПОВЕЌЕ

    „ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА НАСЕЛЕНИЕ: Крај на политизирање на пописите?“ – Стефан Андоновски во „Каде се парите“?

    Време зa читање: 2 минути

    Стефан Андоновски во „Каде се парите“: Централниот регистар на населението е веќе реалност — иднината е без пописи на хартија!

    Ќе имаме регистар што автоматски ги прибира сите податоци за граѓаните — од лични документи до вработување.

    Министерот открива кога оваа алатка ќе стане целосно функционална, како ќе ги следи сите промени и дали конечно ќе стави крај на политичките препукувања околу бројките.

    „Овој систем е развиен, се користи, го користат најмногу од приватниот сектор, телеком-операторите за кога сакате да извадите број. Одите, носите  лична карта, го вкуцуваат вашиот матичен број и им излегуваат сите податоци. 11 параметри во моментов гледаме, и тие се во 80% од случаите точни.

    Ни се случуваат недостатоци, грешки во податоците, недоволно внесување и многу активно работиме наредниот период. Ова ќе биде практично Регистарот, кај што за прв пат ќе користиме блокчейн и користиме вештачка интелигенција. Затоа што сакаме да ги чистиме податоците врз основа на вештачка интелигенција, да пребарува и да јавува автоматски системот дека постои некаква грешка или дека некој погрешно внесол податок..“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично