Еден тон пченица утрово на светските берзи се тргуваше по цена од 281 долар. На почетокот на неделата на берзите цената на пченицата порасна за 6,8387 долари за бушел (бушел изнесува 27,216 кг).
На Берзата на производи во Нови Сад минатата недела пченицата се тргуваше во ценовен опсег од 22,50 до 23,50 динари/кг без ДДВ, во зависност од параметрите за квалитет и паритет. Пондерираната цена на пченицата беше 22,99 динари/кг без ДДВ (25,29 дин/кг со ДДВ), а во однос на пондерираната цена од пред една недела е забележлив благ пораст од 0,36%. Оваа недела пченицата учествуваше со 20% од вкупниот неделен промет, пишува белградски Блиц.
Експертите претходно предупредија дека екстремните временски услови во Европа можат да донесат изненадувања на пазарот на жито. Агроекономскиот аналитичар од Србија, Жарко Галетин вели дека според некои проценки залихите на пченица ќе бидат најниски во последните десет години. Тој вели дека состојбата со другите земјоделски култури не е сјајна. Поради ова, посочува, светскиот пазар ќе биде во неволја.
Тој вели дека производството на пченица годинава ќе биде нешто помало од очекуваната потрошувачка, што ќе се одрази на залихите кои според некои проценки ќе бидат најниски во последните десет години.