ПОВЕЌЕ

    ЦЕНИ ПОВИСОКИ И ЗА 173%: Еве во кои земји-членки на ЕУ има најголемо поскапување на недвижностите

    Време зa читање: 1 минутa

    Унгарските цени на недвижностите растат најбрзо во Европската унија, покажуваат најновите податоци кои ги објави Европскиот парламент.

    Според истите податоци, цените на куќите се зголемени за 1,3% во еврозоната и за 2,9% во Европската унија во вториот квартал од 2024 година, во споредба со истиот квартал од 2023 година.

    Според ЕП, „за помалку од 10 години, меѓу 2015 и 2023 година, цените на куќите во ЕУ во просек пораснале за 48%“.

    Притоа, најголем пораст е забележан во Унгарија, каде цените се зголемија за 173%, додека најнизок е  во Финска, каде цените се зголемиле за само 5%.

    Европскиот парламент откри дека највисокиот пораст од година во година во Унгарија бил помеѓу 2021 и 2022 година.

    Стапката на зголемување тогаш беше 46%. Следеа уште речиси 20% помеѓу 2022 и 2023 година, јасно покажувајќи ги разорните ефекти од вртоглавото зголемување на инфлацијата врз економијата и општеството на Унгарија.

    Експертите веруваат дека порастот на цената на имотот ќе продолжи и оваа година во Унгарија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично