ПОВЕЌЕ

    Утре нови цени на горивата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Регулаторната комисија за енергетика утре треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вторник по полноќ.

    Две недели по ред имаме покачување на цените.

    Минатата недела цените на бензините повторно се зголемија за 1,5 односно 1 денар.

    ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС зголеми за 0,273 ден/кг и изнесува 24,886 ден/кг.

    Останува да видиме дали и утре ќе има ново покачување на цените.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично