Цените на фјучерсите на нафта паднаа денес, со тоа што фјучерсите на американската ВТИ нафта ги зголемуваат загубите, стигнувајќи на најниско ниво од 1999 година, во услови на зголемено слабеење на побарувачката и стравувањата дека капацитетите за складирање во САД наскоро ќе бидат полни.
Фјучерсите на нафтата ВТИ, за испорака во мај паднаа за 2,62 долари, или за 14 проценти, на 15,65 долари за барел на вечерашното тргување во 1:42 часот по Гринич, објави Ројтерс. За време на тргувањето, цената во еден момент падна за дури 21 процент, достигнувајќи минимум 14,47 долари за барел, најниска од март 1999 година.
Утре е крајниот рок за склучување договори за набавки на мајскиот фјучерс. Цената на договорите во јуни, кои се повеќе се тргуваат, падна за 1,28 американски долари или за 5,1 процент, на 23,75 долари за барел.
Нафтата „Брент“ од Северно Море исто така изгуби 21 цент од вредноста, или 0,8 проценти, на 27,87 долари за барел