ПОВЕЌЕ

    Цементарница УСЈЕ ја купи ИД Компани од Кочани

    Време зa читање: < 1 минутa

    Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како членка на Групацијата ТИТАН стекнa 100% удел во Трговско друштво ИД Компани ДООЕЛ увоз-извоз Кочани, кое има едно зависно друштво во негова целосна сопственост – Друштво за неметали ОПАЛИТ ДООЕЛ с. Чешиново, соопшти компанијата преку Македонска берза.

    Со оваа трансакција, Цементарница УСЈЕ АД Скопје обезбеди алтернативен и долгорочен извор за снабдување со еден од инпутите во своето производство – позолани, кои ги експлоатира Друштвото за неметали ОПАЛИТ ДООЕЛ с. Чешиново.

    Купопродажната цена е во бруто износ од ЕУР 350.000,00

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично