ПОВЕЌЕ

    CEED Бизнис клуб Македонија и граѓанската иницијатива Ретвитни Оброк во заедничка општествено одговорна акција

    Време зa читање: 3 минути

    Членовите на CEED Бизнис Клубот Македонија одржаа настан во рамки на платформата за вмрежување – #Networking for a Cause, каде со филантропски пресврт и во партнерство со граѓанската иницијатива #РетвитниОброк заедно подготвија храна за бездомниците во Скопје. Сопствениците и менаџерите на дел од компаниите во клубот имаа благородна можност да се сретнат и да се поврзат со истомисленици на поинаков начин, „да засукаат ракави“ и притоа да подготват оброк за загрозените семејства. CEED Бизнис клуб Македонија ги обезбеди сите потребни намирници, додека пак #РетвитниОброк зема координативна улога во самиот настан и приготвувањето на храната. Присутните, заедно во групи ги поделија обврските и ги припремија оброците, поттикнувајќи чувство на заедница и тимска работа. За крај откако оброците беа подготвени, здружението на граѓани за помош на бездомници „Љубезност“ ги презема истите и дополнително ќе ги достави во предвидените центри.

    Со обезбедените намирници беа направени 100 сендвичи, 30 овошни салати и повеќе од 30 зеленчукови салати, дополнети со јогурт за секој сендвич, донација на клиентот Бучен козјак.

    Во иницијативата овој пат учествува сопствениците/менаџерите на компаниите членки: Кабтел, Fabricca, Супериор лукс, Бизнис мрежа, ДНА комуникации, Училница Даскалоски, Мида рент а кар, Камео такси, Камелија травел, Веб фактори, Watch club, Law firm Cakarovska, CEED фондација, Faktor trust, Brainster, Ekomagija..

    Димитровски: Настаните од ваков тип ни даваат можност да му возвратиме на општеството, истовремено да градиме релации со истомисленици, бизнисмени но и филантропи кои имаат заедничка желба да направат позитивна промена и разлика. Се надевам дека со овој настан ќе ги инспирираме останатите здруженија, клубови и слични организации да размислуваат во слична насока, а воедно и ќе ги едуцираме за важноста од општествената и колективната одговорност која ја имаат претприемачите кон човештвото.

    CEED Бизнис Клубот во Македонија е водечка и докажана платформа за вмрежување и до-едукација, а верувањето на организацијата е дека Единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да ја трансформираме бизнис климата и инспирираме полово еднаква и претприемачки ориентирана младина.

    Во организацијата, во првата половина на 2023 во Founder’s circle се приклучија компаниите: Бизнис Мрежа, Бреинстер, Пиксел и Прилепска пиварница кои претставуваат дел од управниот одбор на истата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично