ПОВЕЌЕ

    Бурно од првиот работен ден: Богоев ќе разговара со вработените од Царина кои одржаа предупредувачки протест

    Време зa читање: 2 минути

    Еден ден по преземањето на должноста, новиот директор на Царинска управа, Стефан Богоев, ги повика на средба вработените кои денес, користејќи ја паузата, одржаа триесетминутен предупредувачки протест. Нивното барање е повисока плата за 30 проценти. Односно, да го добиваат законски утврдениот додаток на плата, кој никогаш не им е исплатен.

    Богоев изрази подготвеност за разговор за сите проблеми и за она што досега е направено во поглед на работничките права и условите за работа. Воедно, не очекува да дојде до затворање на граничните премини.

    „Во координација со Управата за јавни приходи, која има сличен проблем, ќе разговараме со Министерството за финансии“, најави Богоев.

    Вработените во Царината бараат правилна примена на членот 67 став 3 од Законот за Царинска управа, во кој е наведено дека царинските службеници добиваат 30 проценти од платата како надополнување на редовната плата, поради посебните услови за работа, но и поради посебната одговорност што произлегува од работното место. Иако ова е составен дел и од Колективниот договор, никој досега не го добил додатокот, посочува претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Наспроти тоа, додава, со Законот за буџетите и со автентичното толкување на овој Закон од Собранието, Министерството за финансии и сите органи во неговиот состав добија додаток на плата во висина од 30 проценти.

    Вработените во Царина очекуваат добар прием од новиот директор и решавање на проблемот. Освен тоа, потсетуваат дека кога бил градоначалник, склучиле многу добар Колективен договор за вработените во Општина Карпош.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично