2020 година е доста бурна за берзата во Виена. На крајот на јануари годинава, австрискиот берзански индекс ATX имаше 3.245 поени, а во првиот бран Ковид-19, до втората половина на март, тој буквално се преполови на 1.623 поени.
Оттогаш, ATX значително се опорави, но во средината на декември сè уште е за 16 проценти понизок отколку на почетокот на годината.
„Коронa криза ги учи инвеститорите на трпеливост. И покрај кризата, акциите се најпрофитабилните форми на инвестиции на долг рок и нудат бројни можности. Само оние кои постојано сеат можат да собираат подоцна“, рече Кристоф Бошчан, извршен директор на Виенската берза.
Тој се залага за укинување на данокот на капитална добивка од 27,5 проценти за оние инвеститори кои не ги продаваат акциите во рок од една година од датумот на купување. На овој начин, инвестирањето во акции повторно би станало попривлечно за пошироката популација, смета Бошан.
Патем, 45% од компаниите на Виенската берза се од финансискиот сектор, 29% во секторот преработка на суровини и полупроизводи, 12% во преработувачката индустрија и услуги, а останатите 14% се дистрибутери на енергија, компании за технологија и телекомуникации и производители на стоки за широка потрошувачка.
Вкупната пазарна капитализација, односно вкупната вредност на акциите на сите компании котирани на Виенската берза, на почетокот на октомври изнесуваше скоро 87 милијарди евра.