ПОВЕЌЕ

    Buggati Chiron- се за возилото со кое чешкиот тајкун ,,леташе” 410км/ч

    Време зa читање: 2 минути

    Еден чешки милионер наиде на критики од германското Министерство за транспорт, откако видеото од него како патува над 400 км/ч со Bugatti Chiron на дел од автопатот без ограничување на брзината во земјата стана вирално.Радим Пасер, кој според Форбс е 33-ти најбогат граѓанин на Чешка, го објави триминутниот видео клип на YouTube на 9 јануари.

    Во него, тој го „гази“ суперавтомобилот од повеќе милиони долари до неверојатни брзини долж делот од автопатот А2 меѓу Берлин и Хановер, забрзувајќи брзо меѓу 200 км/ч и 300 км/ч и поминувајќи повеќе возила, вклучително и едно додека патува на над 410 км/ч .

    Досега видео-клипот има над 4,5 милиони прегледи на YouTube. Но, како што пренесува Асошиејтед прес, германските транспортни власти воопшто не биле импресионирани.„Сите учесници во сообраќајот мора да ги почитуваат правилата на прописите за патниот сообраќај“, се вели во соопштението на националното Министерство за транспорт, додавајќи дека „секој што учествува во сообраќајот мора да се однесува така да ниту едно друго лице не е повредено, загрозено или попречено или да трпи непријатност повеќе отколку што е неизбежно под околностите“.

    Поминувањето возила со удвоена брзина на автопатот и „шалтањето“ на две ленти ги загрози другите учесници во сообраќајот, но Пасер се однесувал како да верува дека го заштитуваат натприродни моќи.

    Инаку, компанијата Bugatti ја продава новата верзија на својот суперавтомобил Bugatti Chiron кој соборува рекорди за фантастични 3,2 милиони евра. Каросеријата на Chiron Super Sport е стилизирана според тест автомобилот за кршење на брзински бариериод 300 милји на час (483 км/ч) и има долг дел од опашката кој е продолжен за 10 инчи.

    Како и секогаш, Chiron е придвижуван од 8,0-литарски W16 со четири турбо полнач, кој овде произведува 1.577 коњски сили и 1.180 фунти-стапки вртежен момент. Направени се неколку надградби на старата верзија, што резултира со зголемена црвена линија од 7.100 вртежи во минута. Седмата брзина е исто така направена повисоко, за поголема максимална брзина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично