ПОВЕЌЕ

    Бугарија е најсиромашната земја во ЕУ, Хрватска веднаш до неа

    Време зa читање: 2 минути

    Според последните податоци на Евростат, Хрватска е втора најсиромашна земја во ЕУ. Само Бугарија е посиромашна од неа.

    Податоците за потрошувачката по глава на жител во 2019 година покажуваат дека Хрватска е на самото дно во Европската унија, пренесува порталот Индекс.

    Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинствата.

    Најбогат е Луксембург, што е за 35% над европскиот просек. Следува Германија со 22 проценти.

    Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 проценти над просекот на ЕУ.

    Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година.

    Во тие години, двете земји беа на 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци за 2019 година, Романија е со 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска со 66 проценти.

    Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција, која е на 78% од просекот на ЕУ според потрошувачката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично