ПОВЕЌЕ

    Буџетот на Русија годинава во суфицит

    Време зa читање: < 1 минутa

    Русија ја нормализираше својата економска политика и буџетот ќе биде во суфицит, изјави во саботата рускиот претседател Владимир Путин, кој учествуваше на пленарната седница на самитот на Г20 во Рим во формат на видео конференција.

    Според него, во Русија буџетскиот дефицит се зголемил на четири проценти во 2020 година поради огромните мерки за поддршка на населението, малиот и средниот бизнис и здравствениот систем, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Спутник.

    Тоа, исто така, овозможи закрепнување на пазарот на трудот.

    „Годинава ја нормализиравме макроекономската политика за буџетот да биде суфицит. „Не само што го постигнавме тоа, туку и ја заостривме монетарната политика“, рече рускиот лидер.

    Истовремено, тој посочи дека ситуацијата во земјите од Г-20 е нешто поинаква.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично