ПОВЕЌЕ

    Значителен буџетски дефицит во европските и регионалните земји

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ниту една европска земја, поради кризата предизвикана од пандемијата, нема да ја заврши оваа година со буџетски суфицит.

    Според овие проекции, најголем дефицит во Европа оваа година ќе има Велика Британија (-16,5 проценти), следена од Шпанија (-14,1 процент), Италија (-13 проценти), Белгија (-11,4 проценти), Франција (- 10,8 проценти), пренесува Танјуг.

    Најсилната европска економија, Германија, според проекцијата на ММФ, ќе има буџетски дефицит од -8,2 проценти.

    Единствените две земји што ќе имаат дефицит под пет проценти оваа година, и покрај коронавирусот, се Бугарија (-2,0 проценти) и Белорусија (-4,7 проценти).

    Други земји кои ќе постигнат малку помал дефицит се Русија (-5,3 проценти), Литванија (-5,4 проценти), Кипар (-5,6 проценти).

    Што се однесува до регионот, најнизок буџетски дефицит, според ММФ, ќе има во Босна и Херцеговина (-5,8 проценти), а највисок во Црна Гора (-10,4 проценти).

    За Албанија се предвидува дефицит од -8,4 отсто, за Србија и Хрватска -8,1 отсто и за северна Македонија -7,7 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично