Компанијата Бучен Козјак, која е една од водечките производители на млечни производи во Македонија, по повод Светскиот ден на млекото реализираше донација во Детското одделение при Општа болница Куманово.
Традиционално овој ден компанијата го одбележува со активности насочени кон најмалите со цел подигање на свеста за здравата изхрана и важноста на млекото во растот и развојот на децата. Оваа година во знак на поддршка и грижа за децата кои се соочуваат со здравствени предизивици, компанијата ја насочи својата иницијатива кон болничите услови.
Компанијата донираше медицински инхалатори, постелнини и топломери за потребите на детското одделение, како и млечни производи и специјално подготвени подароци со брендот на Бучен Козјак за сите хоспитализирани деца и оние кои деновиве ќе побараат помош во болничкото одделение.
Оваа донација е во духот на нашите вредности – да се грижиме за здравјето на идните генерации и да вложуваме во заедницата која ни дава доверба секојдневно. Поддршката, особено онаа насочена кон најмалите останува наш приоритетен сегмент, а ваквите заложби и акции ќе продолжат и во иднина. Веруваме дека секој мал гест има моќ да направи голерма разлика! – изјави Наташа Денковска Бојковски, генералниот менаџер на Бучен Козјак.
Бучен Козјак останува посветен на својата визија за одговорно работење и активно учество во општествени иницијативи кои имаат позитовно влијание врз заедницата.
ПР Објава