ПОВЕЌЕ

    Брзото возење и натаму проблем, но сѐ повеќе возачи кочат на црвено

    Време зa читање: 2 минути

    По градските улици и патиштата и понатаму се вози побрзо од дозволеното и со необновени дозволи. Но, за промена, возачите повеќе ја почитуваат сообраќајната сигнализација. За 68,2 проценти е намален бројот на тие што минале на црвено.

    Во текот на март, според статистиката на МВР, камерите од системот „Безбеден град“, распоредени во неколку градови и коридори, ререгистрирале 26.241 сообраќаен прекршок.

    „Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68,2% во споредба со февруари“, наведено е во соопштението од МВР.

    Инаку, најголемиот број од прекршоците – 25.230, се однесуваат за брзо возење. Освен тоа, евидентирани се 941 возач, чиишто собраќајни дозволи се со измината важност.

    Од МВР информираат дека во март биле изречени 544 мерки забрана за управување со возило, за 16,7 проценти помалку во споредба со февруари. Од нив, „70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место“.

    Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот „да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично