ПОВЕЌЕ

    Брзите кредити од небанкарските друштва постојат за да му помогнат на населението

    Време зa читање: 3 минути

    Евидентниот раст на небанкарскиот финансиски сектор упатува дека одреден дел од населението, микро и малите претпријатија, сеуште немаат пристап до банкарските кредити поради високите барања и сложени процедури на банките за одобрување на кредит.  Во услови на економска состојба на нашата земја, барањата на банките се чинат недостижни, и затоа, одреден дел од населението и фирмите има потреба од алтернативно финансирање кое ќе им овозможи пристап до средства на брз и ефикасен начин, кога им е најпотребно. Сега во услови на криза на Ковид-19 повеќе од кога и да е.

    Оттука, суштината на небанкарските финансиски друштва е да ги пресретне краткорочните финансиски потреби на граѓаните за финансиски услуги на брз, ефикасен, едноставен начин, со примена на напредна и иновативна технологија на сите канали кои потрошувачите ги преферираат, со акцент на дигиталните канали.

    Во секој случај,  и понудата и побарувачката на услугите на небанкарските финансиски друштва треба да се базираат на три основни постулати – Одговорност, Транспарентност и Партнерски однос.

    Срочено во некаква дефиниција, тоа, од страната на понудата значи дека  компанијата дејствува според најдобрите интереси на клиентот во неговата моментална и идна состојба, а подразбира обезбедување на достапност и транспарентност на условите на кредитот и поддршка на примателот на кредитот доколку се соочи со потешкотии во отплатата. Давателите на кредит имаат одговорност да осигураат дека примателите на кредитите ги разбираат деталите за кредитот и вршат темелни проверки на сите приматели на кредити, за да можат да бидат уверени дека тоа што го добиваат клиентите ќе биде соодветно за нивните околности и можности.

    Од страната на побарувачката, одговорното кредитирање значи дека клиентот ги прочитал, ги прифаќа и се согласува со условите за конкретните услуги, но уште поважно, дека е во состојба моментално и во иднина да ги почитува договорните обврски.

    Во нашата земја, пазарните практики за одговорно кредитирање на страната на понудата се засилени и преку Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија, која обединува етаблирани одговорни кредитори кои се грижат за почитување на транспарентно и одговорно кредитирање на клиенти, а механизмот преку кој тие го гарантираат тоа е и потпишаниот кодекс за добра пракса.

    Од денешна перспектива, кога на целокупната економија се гледа од агол на криза и пост криза, значи дека и двете страни се подеднакво одговорни да ги проценат своите околности, особено поради зголемената потреба од парични средства за надминување на финансиските потешкотии со цел да се избегне било какво непотребно задолжување.

    Проекциите на меѓународните финансиски институции говорат дека Република Северна Македонија ќе се соочи со пад на економијата поради состојбите со кризата. Расте стапката на невработеност, се намалува потрошувачката, што директно ќе влијае врз намалување на производството, а тоа пак кон дополнително намалување на платите на вработените, и дефинитивно, намалување на куповната моќ на граѓаните. Она што  е извесно е дека на сцена стапува економска криза, чиишто ефекти допрва ќе ги согледуваме.

    Токму затоа, сега е моментот да се увиди дека небанкарските финансиски друштва можат да му помогнат на населението да го надмине овој кризен период, со исклучителен фокус на одговорноста при кредитирањето. Но, сеуште се чини отсуствува потребното разбирање за секторот, наспроти укажувањата на меѓународните финансиски институции дека алтернативните канали на финансирање во Северна Македонија треба да се развиваат и подржуваат.

    (ПР Текст)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично