ПОВЕЌЕ

    Бизнисот со брзи кредити во подем – финансиските друштва лани „ќариле“ 4,5 милиони евра!

    Време зa читање: 4 минути

    Во 2013 година во земјава е отворено првото финансиско друштво со што започнува „пенетрацијата“ на овој бизнис кој од година во година ќе прикажува раст на приходите и добивките. „Таргет  Груп“ ги анализира вкупните финансиските резултати на постоечките финансиски друштва во земјава, кои укажуваат на потенцијал и на перспектива за натамошно развивање и раст преку освојување на нови клиенти – пред се физички лица.

    Во 2019 година, 24 -те финансиски друштва во земјава генерирале вкупни приходи во износ од 21 500 000 евра. Споредено со претходните години, податоците покажуваат раст на приходите. Така, во 2018 година тие изнесувале вкупно 10 200 000 евра  додека во 2017 година биле 4 070 000 евра.

    Речиси половина од вкупните приходи кај сите финансиски друштва кои лани изнесувале 21 500 000 евра се приходи што ги имале само две друштва, односно Тиго фајнанс со приходи од  5 400 000 евра и Иуте кредит Македонија со 5 милиони евра.

    Растот на приходите е проследен со раст на добивките. Конкретно во 2019  година добивката на ниво на сите 24 анализирани финансиски друштва изнесувала  4 500 000 евра, во 2018 година била на ниво од скоро 2 600 000 евра, а во 2017 година 940 000 евра.

    Расте и бројот на вработени – но сепак, некои финансиски друштва работат и без да вработуваат

    Овој сектор бележи раст и во однос на бројот на вработени во финансиските друштва кој се зголемува на годишно ниво. Во 2019 просечниот број на вработени изнесувал 292 лица, во 2018 година 183, а во 2017 година 117 лица. Најголем дел од вработените се во Тиго Фајнанс која е отворена во 2017 година и која започнува со осум вработените а веќе во 2019 година има 85 вработени. Ова финансиско друштво има најголеми приходи лани, а високо котира и по добивката.

    Но, има и финансиски друштва кои и без вработени прават високи добивки. Тука спаѓа Кредисимо, отворено во 2016 година. Ова финансиско друштво е прво на листата по остварена добивка за минатата година а четврто на листата по остварени приходи во2019 година.

    „Таргет груп“ веќе ги рангираше првите пет финансиски друштва кои се водечки според приходите, а тоа се Тиго фајнанс со приход од  5 400 000 евра, Иуте кредит Македонија со 5 милиони евра, Диџитал фајнанс интернешнал со 2 милиони евра, СН финансии со приход од 1 900 000 евра и  М КЕШ Македонија со приход во 2019 година во износ од 1 600 000 евра.

    На  ранг-листата, на првите места според висината добивката во 2019 та година се наоѓаат: КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопјесо 812 000 евра,СН ФИНАНСИИ ДООБитола со 719 000 евра,ТИГО ФАЈНАНС каде лани имало добивка од 678.500 евра. ДП ДООЕЛСкопје со добивка од 613 200 евра,  ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС Скопје со 609 000 евра, ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со остварена добивка од 342 000 евра.

    Првото финансиското друштво ЕУРО МК ДОО Скопје се формираше во март 2013 година, веќе во 2014 та се формира Финансиско друштво М КЕШ Македонија  ДООЕЛ Скопје со странски капитал со потекло од Бугарија, а во 2015 година започнува со работа Финансиско друштво МОНИМАКС ФИНАНСИСКО ДООЕЛ Охрид, со капитал од Америка. Во следните години е регистриран тренд на раст на бројот на новоформирани финансиски друштва – основани и со домашен, но и со странски капитал.

    Анализа на податоците: Таргет Груп

    Изработил А.Д

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично