ПОВЕЌЕ

    Брз раст и конкурентна понуда – пет години Триглав пензиско друштво

    Време зa читање: 3 минути

    „Триглав за тебе“ за петгодишниот јубилеј на Триглав пензиско друштво. Со кампањата се акцентира посебноста на ова брзорастечко Друштвото во пристапот до секој поединец во системот, но и фокус кон градењето доверба кај членството преку креирање додадена вредност за сегашните и идните генерации.

    Мисијата да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот пазар започнува во 2019 година, кога Триглав пензиско друштво АД се појави како најмлад член на Групација Триглав.

    Задоволство од постигнатото во изминатите пет години, и во рамките на задолжителниот и на доброволниот пензиски фонд, изрази претседателот на Управниот одбор, Тихомир Петрески.

    „Задоволни сме од перформансот што го имаат остварено задолжителниот и доброволниот фонд. Овие резултати Друштвото ги толкува како неспорна потврда за постигнатиот напредок во сферата на креирање на конкурентна клиентска понуда на услуги за постојното и идното членство во фондовите со кои управуваме, но и како мотив да продолжиме посветено да креираме  и обезбедуваме уникатно корисничко искуство за секој наш постоен и иден член. Остануваме посветени, со едноставни, проактивни и доверливи решенија дополнително да ја градиме довербата на членството на македонскиот пазар“, нагласи Петрески.

    Во тој период се појавиле низа предизвици, но и покрај тоа Триглав пензиско друштво успева да се етаблира како реномирана финансиска институција под истоимениот бренд Триглав. Притоа, нуди решенија кои создаваат долготрајна вредност за членството, кое надминува бројка од 60 илјади. Освен тоа, придонесува и за пензискиот систем во целина, за акционерите, за вработените, за соработниците.

    Согласно официјално објавените податоци, Друштвото бележи значителен раст на пазарниот удел во сегментот на членство во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, достигнувајќи пазарно учество од околу 10 отсто. Исто така, во областа на доброволното пензиско осигурување бележи двоцифрен раст на средствата под управување.

    Од менаџментот посочуваат дека друштвото посветено ќе продолжи да работи на исполнување на својата фидуцијарна должност, што подразбира спроведување на високи стандарди во работењето, грижа за развој на вработените, потенцирање на високите етички барања и потребниот интегритет за вршење на оваа дејност.

    Триглав пензиско друштво АД ќе остане доследно на намерите и настојувањата да биде значаен фактор во развојот на пензискиот систем и континуирано ќе работи на зголемување на пензиската свесност, при што заедно со останатите чинители на системот ќе ја потврди улогата на значаен фактор на одржливост на пензискиот систем и социјалната сигурност во целина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично