Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2021 година изнесува 19 064, од кои 52.3 % се домашни туристи, а 47.7 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во април 2021 година изнесува 42 117, од кои 51.9 % се од домашните туристи, а 48.1 % од странските туристи.
Во периодот јануари – април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 19.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 23.3 %, а кај странските има намалување за 44.3 %.
Во периодот јануари – април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 12.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.4 %, а кај странските има намалување за 32.0 %.